Сите обожаватели на познатата пејачка Наташа Беквалац се под импресии, откако таа синоќа настапи во еден клуб во Загреб. На оние кои тој настап им беше предалеку, на социјалните мрежи можат да погледнат видеа од настапот на нивната омилена пејачка, која привлече внимание и со исклучително сексапилниот стајлинг во која настапуваше на сцената.
Новосадската Барбика, како што ја нарекуваат, судејќи по видеата и фотографиите, атмосферата ја довела до кулминација.
Беквалац настапила во целосно проѕирен комбинезон со дезени, под кој се гледала долната облека, поточно минијатурните танга-гаќи кои едвај се гледале одзади. Наташа имала и нова фризура: нејзината руса коса овој пат била доста подолга.
Со својот настап и изглед Наташа ја вжештила атмосферата во клубот во којшто гостувала, а видеата од настапот ги „запалија“ социјалните мрежи.
Наташа Беквалац пред неколку дена зборуваше за медиумите по повод нејзиниот новогодишен концерт во Белград, и ја сумираше 2023 година, при што рече дека иако оваа година имала подеми и падови, сè било убаво, дека е најсреќна кога нејзините блиски се здрави и добри.