More

    Шефот на УНРВА: Луѓето во Газа се толку гладни што ги запираат камионите со помош и веднаш јадат на улица

    spot_img

    Шефот на ОН за палестински бегалци, Филип Лазарини изјави дека луѓето во Газа се толку гладни што ги запираат камионите со помош, земаат храна и веднаш ја јадат, пренесува Ал Џезира.

    „Вака се очајни и гладни. На ова бев сведок од прва рака. Среќаваме сè повеќе луѓе кои не јаделе еден, два или три дена“, им рече на новинарите шефот на УНРВА.

    Тој рече дека ова е негова трета посета на Газа од 7 октомври и оти ситуацијата таму рапидно се влошува.

    „Секогаш кога ќе се вратам, мислам дека не може да биде полошо, но секој пат гледам повеќе мизерија, повеќе тага. Газа повеќе не е место каде што можете да живеете“, рече тој.

    „Во Рафах бројот на луѓе се зголеми четири пати преку ноќ. Таму недостасува инфраструктура и сите основни работи. Тоа не е место за повеќе од милион луѓе. Еден магацин е дом на 30.000 луѓе. Семејствата живеат во мали простори одделени само со ќебиња и пластични прекривки“, рече Лазарини.

    Тој рече дека неговата агенција речиси нема пристап до северна Газа и дека работната средина во Газа е „сè поневозможна“. Тој додаде дека луѓето таму се чувствуваат изневерени и напуштени од меѓународната заедница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img