Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Нема официјални бројки за тоа колку од фирмите не ја исполниле оваа обврска, но познато е дека до крајот на октомври работниците поднеле 2.408 поплаки за неисплатен К-15 до Сојузот на синдикатите на Македонија. Годинава и вработените во јавниот сектор треба да добијат К-15 во износ од 10.000 денари.
Од синдикатот велат дека ќе почекаат да заврши законскиот рок и потоа ќе следат пријави.
Според податоци на синдикатите најголем дел од компаниите го исплаќаат законски најнискиот износ од 40% од просечната плата, но има и компании кои исплаќаат и повисоки износи, а има и такви кои поради финансиски проблеми исплаќаат пониски износи или воопшто не исплаќаат К-15.
Практика на големите компании од индустријата, рударството и енергетиката е секоја година регресот за годишен одмор на вработените да го исплаќаат до средината на годината.
– Во компаниите каде што имаме наше членство, а тоа се големите компании од индустријата, рударството и енергетиката, уште во првите месеци од годината се исплаќа регресот за годишен одмор според договорениот износ во колективните договори. Годинава и „Еуроникел“, поранешно Фени, и покрај проблемите, исплати К-15, навистина на две рати, но го исплати – вели Игор Герасов од Синдикатот на индустрија енергетика и рударство (СИЕР).
И во градежништвото, онаму каде што работниците синдикално се организирани, е исплатен регресот.
– Во градежништвото и во индустријата за градежни материјали, каде што 90% од компаниите се во приватниот сектор, веќе е исплатен регресот за годишен одмор. Исплатени се износите коишто се договорени во колективните договори. Дури и јавните претпријатија кои спаѓаат во на