Виктор Осимхен, одличниот напаѓач на Наполи, одлучи да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија.
Според информациите од Италија, Нигериецот ќе го носи дресот на „наполитанците“ до 2026 година, но постои клаузула според која може да замине веќе во 2024 година.
Не се објавени информации за тоа колку ќе биде платен, но медиумите во Италија истакнуваат дека тој ќе биде еден од најдобро платените играчи во клупската историја.
Во текот на оваа сезона, Осимхен имаше проблеми со клубот кога беше исмеан на официјалната сметка за промашен пенал. Сепак, се чини дека работите се вратија во нормала.
За Виктор интерес пројавија големи европски клубови, а сега доколку го сакаат во своите редови ќе треба да издвојат уште поголема сума на пари отколку што планирале.