Еден од легендарните членови на бендот „Бич бојс“, Џефри Фоскет, почина на 67-годишна возраст.
Како што објави основачот на бендот за странските медиуми, популарниот пејач ја загубил животната битка со ракот на тироидната жлезда.
„Срцето ми е скршено поради смртта на мојот драг пријател Џефри Фоскет. Не знам што друго да кажам. Љубов кон неговото семејство и пријателите“, напиша Брајан Вилсон, ко-основач на споменатиот бенд.
Неговата музика вечно ќе живее низ хитовите на познатиот бенд, а сеќавањето на него ќе остане вечен.
ФОТО: Инстаграм