More

    Најчесто отровни материи имало во играчки, спортска опрема и електрични апарати

    spot_img

    Европската агенција за хемикалии (ЕЦХА) денеска соопшти дека во 400 од 2.400 производи кои минатата година биле контролирани во 26 земји-членки на ЕУ, биле откриени отровни материи. Утврдено е дека една од четири играчки, како што се кукли, костими, душеци за играње и пластични фигури, ги прекршуваат законите на ЕУ за опасни хемикалии, пренесува EuObserver.

    Националните агенции на ЕУ открија „прекумерно ниво на опасни хемикалии“ како што се олово и пластификатори во 18% од тестираните производи за широка потрошувачка. Најчесто контролирани производи кои содржат токсични хемикалии се електричните апарати, спортската опрема, играчките и модните производи.

    Извештајот нагласува дека увозниците и онлајн пазарите, вклучително и Амазон, имаат повисока стапка на неусогласеност со правилата на ЕУ отколку производителите и дистрибутерите. Во 39% од случаите, компаниите решиле доброволно да ги повлечат своите производи од пазарот, а исто така и од нивните веб-страници.

    Сепак, инспекторите од различни агенции на ЕУ донеле мерки за извршување во четвртина од случаите, иницирајќи повеќе формални и правно обврзувачки дејствија за неусогласеност. Казни се изречени во 18% од случаите, додека 58 од најтешките предмети се предадени на полицијата или на јавното обвинителство.
    Истрагата покажа дека компаниите не го почитувале водечкото законодавство на ЕУ за хемикалии REACH во 13% од случаите. Сепак, половина од прекршувањата се однесуваат на правилата за употреба на одредени опасни хемикалии во електрична и електронска опрема.

    Стратегијата на ЕУ за хемикалии за 2020 година се обврзува да ја забрани несуштинската употреба на најштетните хемикалии во производите за широка потрошувачка. Европската комисија минатата недела предложи да се изменат три закони за да се забрзаат ограничувањата за најопасните хемикалии. Предлогот, исто така, има за цел да ја зголеми соработката меѓу различните агенции на ЕУ и да го подобри собирањето податоци за хемикалиите кои се наоѓаат во телата на луѓето за подобро да се проценат нивоата на изложеност.

    -На овој начин, можеме рано да ги откриеме проблемите и да се заштитиме себеси и нашата планета… Од клучно значење е да ги држиме штетните хемикалии подалеку од работите што ги користиме секој ден, а овие предлози се голем чекор во вистинската насока – вели Татјана Сантос, директор за политика за хемикалии во Европското биро за животна средина.

    Таа смета дека Комисијата на ЕУ мора да ја ревидира политиката на производи, постепено да ги укине несуштинските употреби на хемикалиите и ефикасно да ги спроведе постојните регулативи како што е REACH.

    Како што беше објавено во ноември, истрагата на ECHA, исто така, откри токсични хемикалии во производите за детска нега, како што се пелени, автомобилски седишта, лигавчиња и душеци за менување бебиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img