Во тек е голема полициска акција во повеќе скопски компании, кои според информациите кои ги има Плусинфо, станува збор за фирми кои се инфолвирани во економски криминал.
Според нашите извори се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал, станува збор за неовластено тргување со културно наследство.
И специјалците се на терен, а како што дознаваме веќе уапсени се десетина лица. МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.