Унгарија ќе ја блокира кандидатурата ако Софија не ги отстрани таксите за рускиот гас

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарија може да добие вето за влез во Шенген зоната. Унгарија во понеделникот се заканила дека ќе ја блокира кандидатурата на Бугарија за приклучување кон Шенген зоната доколку не се отстранат таксите за трансферот на руски гас, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори запознаени со дискусиите со напомена дека унгарските власти не коментирале официјално.

Заканата од Унгарија доаѓа еден ден по објавата на ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“  дека се откажуваат од давачката од 20 лева за мегават час за пренос на гас преку Бугарија.

-Тешко е да се знае што точно сака Орбан од сето ова – рече дипломат на ЕУ вклучен во разговорите со Унгарците оваа недела.

Кога го најави воведувањето на данокот, кој според бугарските претставници е дизајниран да ги истисне Русите од европскиот пазар, Софија тоа му го наметна на рускиот енергетски гигант Газпром. Сепак, Унгарија и Србија се спротивставија, велејќи дека нивниот увоз е загрозен.

Бугарската влада соопшти дека сѐ уште бара еквивалент на данокот за транзит на гас на ниво на ЕУ во обид да го задржи притисокот врз земјите-членки да се ослободат од рускиот увоз, наведува весникот.

Околу половина од испораките на руски гас во регионот минуваат низ Бугарија, а Унгарија е еден од главните крајни клиенти.

Share This Article