Сопругата на Канје Вест прошета „гола“, само со огромна мачка в раце

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, го продолжува трендот „без облека“, а овој пат отиде чекор понатаму. Славната двојка, која неодамна се врати во Америка по долг престој во Дубаи, синоќа присуствуваше на роденденската прослава на диџеј Калед и привлече големо внимание.

Веќе не можеме да ги набројуваме ни необичните стајлинзи на Бјанка… Почна да носи кадифени играчки како модни додатоци во Дубаи, а од нив не се откажува ниту во Америка и најчесто ги држи во раце за да ги скрие градите.

Сè позабележаната и популарна австралиска архитектка Бјана го донесе можеби најскудното модно издание досега; металик бикини со прерамки и со капа; а овој пат го покажа и задникот. Бикинито откри речиси се, па белата мачка си ја одигра својата улога.

Пред неколку дена, Бјанка се појави во уште едно смело издание во друштво на својот сопруг Канје.

„Канје никогаш не изгледал посреќно“ – коментираат корисниците на социјалната мрежа Икс, откако беше објавено видео на кое се гледаат тој и неговата сопруга на забава во Мајами. Неговата сопруга Бјанка повторно се појави во скандалозен аутфит заради кој многумина останаа со подзината уста.

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори во неделата присуствуваа на настан во Мајами и повторно успеаја да привлечат внимание со своите скандалозни аутфити.

Тие беа снимени како се шетаат низ галериите за современа уметност каде се одржува настанот насловен Арт Базел.

Додека поранешниот сопруг на Ким Кардашијан се појави во целосно бел стајлинг и со бела марама со која го сокри целото лице, Бјанка носеше проѕирен костим во боја на кожа, под кој ѕиркаа и нејзините брадавици.

- Advertisement -
Ad image

Таа изгледот го надополни со крзнена шапка и кадифено големо мече коешто го носеше во рацете.

 

- Advertisement -
Ad image

Иако во изминатиот период имаше гласини дека Канје и Бјанка ќе се разведуваат, откако таа сама беше во Австралија, каде наводно нејзините пријателки направиле интервенција и се потрудиле да ја убедат дека раперот ѝ го уништува животот, парот покажа дека сепак се среќни заедно.

На Икс (поранешен Твитер) е објавено едно видео на кое се гледа дека по настанот Канје и Бјанка биле заедно излезени во локал во Мајами каде тој пуштил дел од својата нова музика, а двајцата добро се забавувале.

„Канје никогаш не изгледал посреќен“, „На Канје одлично му стои разводот со Ким“, „Никогаш не сум го видел понасмеан“, „Кога Канје е среќен, цел свет е среќен“ – стои во дел од коментарите.

Други, пак, коментираат за смелиот стајлинг на Бјанка и велат дека таа дефинитивно изгледа гола на видеата.

Share This Article