Гплем пожар избувна во повеќекатница во центарот на аргентинската престолнина Буенос Аирес денеска околу пладне по локално време. Пожарникарите се борат за да ги спасат луѓето кои се наоѓаат на повисоките катови од запалената зграда, пишува Дејли Мејл.
Луѓето се заробени на врвот на 13-катната зграда во центарот на главниот град на Аргентина.
Локалните медиуми јавија дека најмалку 12 лица се наоѓаат на терасата и во задниот дел на зградата.
На местото на настанот се испратени повеќе од 15 возила на брза помош, а болниците во околината се ставени на готовност.
Пожарот избувнал во стопанска и станбена зграда до седиштето на Министерството за труд на Аргентина. Специјалната Федерална спасувачка бригада и градските пожарникари се на терен и се обидуваат да го изгаснат силниот пламен.