Најмалку пет лица загинаа кога монтажен лифт се урна на градилиште во предградие на Стокхолм. Шведското обвинителство покрена истрага за несреќата.
„Во прашање е кривично дело што резултира со смрт на работното место, вклучително и дело предизвикување смрт на друго лице“ – се вели во соопштението на обвинителството.
Сѐ уште се работи на идентификација на жртвите, а во тек е техничка истрага на местото на несреќата.
Шведската полиција првично соопшти дека најмалку четири лица се повредени при уривање на лифт од висина од 20 метри, но подоцна е утврдено дека во несреќата има и жртви.