Бислимоски вели конечната цена ќе се утврди до крајот на годината

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЕВН Хоме, како универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и потрошувачите, бара повисока цена за 10% од 1 јануари. Пресметките допрва ќе следуваат и конечната одлука ќе биде донесена на крајот на годината.

Ова го изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во интервју за Фактор мк.

Бислимовски очекува новиот повик за универзален снабдувач од следната година да донесе помала профитна маржа, а со тоа и можност за поевтинување на струјата на регулираниот пазар.

– Сите компании ги поднесоа барањата – МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО, а ЕВН Хоме тоа ќе го направи дополнително, откако ќе ја добиjат цената за мрежарината. Прва работа што ја гледаме и што ја знаеме е дека ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоме понуди цена од 57 евра, а претходно беше 53 евра, и следната година во првите шест месеци ќе обезбедува 95 отсто од потребите, а 5 отсто ќе се набавуваат по цени на слободен пазар кои се околу 140-150 евра по мегаватчас. Сето тоа има влијание на крајната цена за околу 10%. Да се надеваме дека ќе се одржува оваа цена и дека ќе имаме ценовна стабилност, а она што радува како факт е тоа дека горе-доле и на берзите се стабилизираше цената – околу 120-130 евра за мегаватчас. Цената во 2024 ќе зависи и од влијанието на фотоволтаиците и тоа не само во Македонија, туку секаде во Европа. Се очекува од март-април поради голем број на инсталирани фотоволтаици тоа да влијае позитивно, да се зголеми понудата- вели Бислимоски.
Тој информира дека кај МЕПСО и Електродистрибуција не може да се каже кои се бидејќи нивните тендери за трошоци не се завршени.

Бислимоски вели дека загубите, зголемена цената на бакарот и трошоци за зголемени плати ќе влијаат на тоа што ќе го бараат овие компании и на крајната цена.

Иако очекува дека мрежарината ќе биде пониска, вели дека попрецизни податоци ќе има деновиве. ЕВН Хоме барањето е за зголемување од 10 до 11 отсто.

Граѓаните од следната година ќе треба да плаќаат и нова давачка „ пристап до мрежа“ што најверојатно дополнително ќе влијае на нивните сметки.

Share This Article