Ана Бекута сè уште тагува по Милутин Мркоњиќ Мрка, политичарот со кој беше во љубов, кој почина пред две години

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската пејачка Ана Бекута сè уште тагува по Милутин Мркоњиќ Мрка, политичарот со кој беше во љубов, кој почина пред две години.

Ана сега откри дека непозната девојка оставила емотивна порака на гробот на нејзиниот поранешен партнер Милутин.

При посетата на гробот на Мрка, Ана пронашла мистериозна порака, а на неа и своето име и сето тоа го објавила на својот инстаграм-профил.

„Пред некој ден на гробот на Милутин го пронајдов ова цвеќе со порака на него „ти благодарам што толку ја сакаше Ана“. Од далеку ја видов девојката која го остави. Сакам да ми пише порака за да лично и се заблагодарам, бидејќи не успеав да видам за кого се работи. Ви благодарам што и вие ме сакате сите овие години, особено овие две“, напиша Ана на својот инстаграм-профил.

Да потсетиме, Ана и Милутин важеа за многу хармоничен пар, а пејачката и по две години од смртта е неутешна.

Share This Article