Човештвото може да ја „убие“ почвата на целата планета во следните 50 години ако не се преземат мерки, предупредува најпознатиот јужноиндиски мудрег и гуру, Садгуру, познат и како Јаги Васудев. Тој е член на движењето „Save Soil“ и на светскиот самит COP28 во Дубаи го претстави својот план како да се спаси земјоделството, но и почвата, за кој потсети дека е најголемиот жив организам на Земјата.
Според него, почвата е клучот во нашата борба со климатските промени. Здружението „Save Soil“ истражило дека токму оние два критични степени за кои ќе се стопли планетата можат да бидат апсорибирани во почвата преку тоа што почвата има потенцијал да зароби 27 проценти, или речиси третина, од сите емисии на јаглерод во воздухот, пишува Њузвик.
– Нема ништо подобро од зелен лист, така што секој дополнителен зелен лист што го ставаме на оваа планета е еден чекор кон ублажување на климата – изјави за Њузвик мајсторот по јога чии следбеници, меѓу илјадниците, се и холивудските актери Вил Смит и Мејту Меконахи.
Садгуру потсетува дека „дури и бразилската прашума, која некогаш беше огромна фабрика за природен кислород, (сега) ослободува јаглерод диоксид бидејќи 25 отсто од него е разумно оштетен“.
Самото ова ја деградира почвата. Човештото произведува повеќе јаглерод диоксид отколку што таа може да апсорбира.
Обединетите Нации проценуваат дека 40 отсто од земјиштето на Земјата е деградирано, додека студија од 2015 година сугерира дека тоа е дури 52 отсто од земјоделското земјиште.
– Во моментов, ние само мислиме (дека), ќе можеме да произведуваме храна без да ја одржуваме почвата жива, додека секое предвидување покажува дека за веќе 35-40 години од сега, ние дефинитивно ќе произведуваме најмалку 40 проценти помалку храна од тоа што сега произведуваме, но во меѓувреме бројот на луѓето (на Земјата) ќе достигне речиси 10 милијарди – рече Садгуру и додаде:
– Тоа не е свет во кој сакам да живеам.
Потоа продолжи:
– Ако одгледуваме еден тон храна од, да речеме, 0,4 хектари земја, тогаш одземаме еден тон органска содржина. Колку враќаме? Речиси нула. Овој вид на земјоделство може да трае само 30-50 години. За 50 години ќе ја убиеме земјата.
Широко се проценува дека на почвата и требаат најмалку 3 проценти органска содржина за да се одржи растителниот живот, но современите земјоделски техники – вклучувајќи интензивно орање и прекумерно одгледување – се меѓу работите што можат да ја намалат содржината. Всушност, колку помалку органска содржина, толку помалку организми почвата може да одржува и помалку јаглерод ќе можа да впива од воздухот.
Садгуру, кој се искачи на познат на социјалните мрежи и сега може да се пофали со 11,1 милиони Инстаграм следбеници, тврди дека преземањето чекори за подобрување на органската содржина на почвата „ќе влијае на климатските промени на масовен, позитивен начин“; во пократок временски период отколку да се најдат замени за фосилните горива.
– Не велам дека фосилните горива треба да продолжат како што се; да, дефинитивно треба да се обидеме да ги намалиме – објаснува тој и вели:
– Но, доколку не најдеме некои откритија во технолошките иновации, тоа нема да се случи.
Спиритуалистичкиот инфлуенсер – познат по мешавина на духовни размислувања и тап хумор, исто такаима примедби околу тоа како ја етикетираме храната.
– Во моментов, сите ги означуваат своите производи како органски. Видел некој некогаш неорганско јаболко? Не постои такво нешто. Значи, треба да го измериме ова. Односно, ‘ова јаболко доаѓа од почва со 3 проценти органска содржина.’…Ако е под тоа, мора да се спомене.
Тој тврди дека околу 200.000 земјоделци во Индија сега ги користат техниките за користење на земјиштето што тој ги брани за да ја зајакнат органската содржина, при што некои гледаат дека нивните приходи се зголемуваат за дури осум пати во последните осум до 12 години.
– Почвата е најголемиот жив систем – не само на оваа планета, туку и во познатиот универзум. Ова е основниот живот за целиот живот на планетата – заклучува мистикот Садгуру.