More

    Реконструкција на патувањето до местото на злосторството врз Вања

    spot_img

    Палевски го знаел пределот на прсти. Познат му е прилично теренот, а неговото семејство поседувало и земјиште таму – коментираат мештаните на Бразда, кои не сакаат да застанат пред камера.

    Палевски потекнува од тој крај, но од селото Глуво. Го знаат и во Бразда и таму велат „знаевме дека е измамник, но зошто ни направи вакво нешто?“ Исплашени се и воопшто не им е пријатно да поминуваат сега оттаму. Но, друг пат до нивните нема. Не сакаат ни да замислат што ќе се случело да ги затекнале осомничените тоа утро.

    – А тоа утро часови поминувале. Цитроенот горел. Не го пронашле мештаните, туку полицајци од полициското одделение Мирковци при патрола во 15:40 минути. Тоа нема да биде единствената пријава. И комунална инспекторка при работна обиколка ќе го забележи возилото. Кога мештаните го виделе возилото како полицијата го пренесува низ селото, не помислиле на најлошото.

    Возилото е клучно за МВР да дојде до сознанието дека исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски на Вања се поврзани. По неговото опожарување, осомничените, според нашите сознанија, повторно се вратиле по истиот пат преку Бразда накај Горно Оризари. Но, не влегле во селото, туку продолжиле по импровизиран пат. Таму се упатиле со една цел, да го закопаат телото на Вања.

    Телото е закопано на ридот кој е на иста воздушна линија со местото во атарот на селото Бразда каде е запален Цитроенот. Не се гледа нивата оттаму, но чадот тогаш бил видлив.

    Видливо е и неодамнешното присуство на луѓе тука. Има свежи отпушоци од цигари, отпечатоци од кондури, а и отпадоци со рок на траење до 15 декември кои докажуваат дека група на луѓе била присутна на местото“ – велат авторите на „Код“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img