На протестот најавен за денеска на социјалните мрежи на кој требаше да се бара воведување на смртна казна дојдоа само тројца.
– Македонијо засрами се, само три лица дојдоа на протест за правда на Вања – изјави Нермина Кочан која беше меѓу тие што протестираа.
Таа рече дека не е во ред никој да нема на протестот кој беше најавен за воведување смртна казна и за поддршка на мајката на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска.
– На протестот којшто беше како јавен повик даден за воведување на смртна казна, за одразување на почит кон семејството, мајката на малата Вања затоа што очигледно немала семејство имала најверојатно само еден родител, моментално сме тројца луѓе, Македонијо засрами се, Скопје засрами се. Не е во ред да нема никој сега кога треба на некого да му се даде поддршка – изјави Кочан.