Се јави идниот технички премиер Џафери

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери се заблагодари на номинацијата од ДУИ да биде премиер на техничката влада 100 дена пред парламентарните избори идната година.

Тој вели дека ќе ја извршува функцијата со почит и со одговорност.

– Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор од поддршката искажана од партиските органи, а пред сè од граѓаните на Република Северна Македонија – изјави Џафери.

Според договорот што беше постигнат на лидерската средба на 4 декември, парламентарните избори треба да се одржат на 8 мај 2024 година. Во ист ден ќе се гласа и во втор круг претседателски избори, додека првиот круг за избор на шеф на државата треба да се одржи на 24 април.

Со вака договорените датуми, техничката влада што ќе ја предводи Џафери треба да стапи на должност на 28 јануари, а еден месец подоцна Собранието ќе ги распише изборите.

Во владиниот кабинет на Џафери со министри за внатрешни и за труд и социјална политика, како и тројца заменици (за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација) предвидено е да биде застапена опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Кои ќе бидат кадрите на опозициската партија сè уште не е познато.

Share This Article