More

    Мајката и сестричката на Вања се во лоша здравствена состојба, но никој не праша за нив, вели Весна Бејби

    spot_img

    Актерката Весна Петрушевска објави видео на својот Инстаграм профил во кој откри дека мајката и сестрата на Вања, според информациите кои таа ги има, не се во добра здравствена состојба и потсети да не заборавиме на нив во целиот овој немил настан.

    – По целата оваа колективна траума, заборавивме на мајката на жртвата Вања и нејзината сестричка“, вели актерката во видеото во кое сподели информација дека сестричката на Вања била подложена на операција на срцето, а мајката има сериозни здравствени проблеми со дишењето.

    – Многу зборуваме за злосторниците и да, така треба, но ги заборавивме жртвите на насилство, во овој случај тие се директни жртви на насилство, нејзината мајка и нејзината сестричка. Само сакам да ви укажам дека треба да размислите пред што било да објавите или да коментирате. Да размислите на овие две невини суштества чијашто тага во овој момент е немерлива, нивниот живот е скратен, тие се живи мртовци. Тагата е огромна – додава Петрушевска.

    – Сега сите зборуваме за камерите, за Цитроенот, за прес конференцијата, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка. Тоа е поразот наш, и тоа е она што нас ќе нè зафркава во овој животен век. Не сум сигурна дали оставаме добар свет за оние генерации коишто доаѓаат – вели Весна во видеото.

    Со цел да укаже на тоа како се чувствува мајката на Вања, Весна накратко се осврна и на своето трауматично искуство, кога нејзината ќеркичка Мина беше жртва на напад од педофил.

    Како што вели, таа веќе 13 години не може да спие како последица на посттрауматскиот стрес, по немилиот настан.

    – Кога мене ми се случи тоа со Мина, јас и ден-денeс имам траума од гаражата. На Мина веројатно ќе ѝ остане таа гаража цел живот, а камоли ова… Ние немаме развиено систем како да им помогнеме на жртвите од насилство. Ние немаме како да им помогнеме на овие луѓе. Се работи за девојче со здравствени проблеми, имаме мајка која го загубила своето чедо, но ние не разговараме на овие теми. Ние се бавиме дали овој пеш го фатиле во Турција – вели таа.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img