More

    Бајден даде последно предупредување до Конгресот

    spot_img

    Во говорот пред Конгресот, во кој беше блокирана помошта за Украина, Бајден предупреди дека доколку Путин победи во војната против Украина, американските војници ќе бидат принудени да се борат против Русите.

    – Ако Путин ја земе Украина, нема да застане таму – рече Бајден.

    Путин ќе нападне сојузник во НАТО, предвиде тој, а потоа „ќе имаме нешто што не го бараме и што го немаме денес: американски војници да се борат против руските војници“.

    – Не можеме да дозволиме Путин да победи – додаде тој, што предизвика лута реакција од Москва, пишува Ројтерс.

    – Конгресот мора да одобри дополнително финансирање за Украина пред членовите да заминат на одмор. Едноставно е. Со одбивањето да го стори тоа, Конгресот е подготвен да му го даде на Путин најголемиот подарок на кој може да се надева – изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

    Бајден потсети на руските воени злосторства во Украина, од киднапирањето деца до уништувањето на цивилната инфраструктура.

    Вчера изби кавга во Сенатот откако претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа видео-повикот во кој требаше да побара средства и парична помош за Украина. Западните медиуми пишуваат дека Украина сериозно стравува од пораз во војната поради тоа што нема да има доволно средства.

    Пакетот од над 100 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван е закочен.

    Истовремено, германскиот министер за одбрана Јакоб Писториус изјави дека Германија не е сојузник на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img