Ова е годината на Тејлор Свифт која со турнејата „Ерас“ ги собори сите рекорди, па дури ги надмина милионерите и политичарите и беше прогласена за личност на годината од магазинот „Тајм“. Но, работите не беа секогаш толку светли за 33-годишната пејачка.
Многумина се сеќаваат на понижувањето што Тејлор го доживеа од Канје Вест, кога тој своевремено се искачи на сцената во текот на доделувањето на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди во 2009 година за најдобра песна, која тогаш 19-годишната Тејлор ја освои, грабнувајќи и го микрофонот од рацете и велејќи дека според него, Бијонсе ја заслужува наградата. Колку оваа траума влијаеше на неа, зборуваше младата пејачка во нејзиниот филм „The Eras tour film“. А сега ја обвини Ким Кардашијан дека психички ја уништила и ја принудила да се крие во текот на нивната долгогодишна расправија.
По испадот на сцената, Канје напиша песна во 2016 година која вклучуваше вулгарни зборови за Тејлор, тогаш ѕвезда во подем. Тој тврдеше дека Свифт се согласила со референцата, но откако таа го негираше тоа, Ким, која тогаш беше во брак со раперот, објави нелегално снимен телефонски разговор меѓу Тејлор и Канје, за кој таа тврдеше дека го докажува спротивното.
Тејлор сега рече дека јавноста мислела дека тоа е смрт на нејзината кариера, додавајќи: „Не погрешивте. Ми ја одземаа кариерата. Сето тоа поради нелегално снимен телефонски разговор, кој таа плус и го монтираше, а потоа го објави за да ги убеди сите дека сум бил лажливка“, пренесува „Ентертејмент тунајт“.
„Тоа психички ме уништи. Се преселив во странска земја. Не излегов од дома една година. Се плашев да се јавам на телефон. Ги оттурнав повеќето луѓе од мојот живот бидејќи повеќе не верував на никого“, опишала Тејлор, која е главниот дел од албумот „Репутација“ иго посвет на тоа искуство. Фотографиите на змии се исто така референца за Ким Кардашијан.
„Мислев дека негативните реакции ќе ме дефинираат до крајот на мојот живот“, објаснила Тејлор. Сепак, во годините што следеа нејзината кариера само напредуваше, а таа стана најголемата поп ѕвезда на денешницата, соборувајќи ги сите рекорди.