Министерот Спасовски информирајќи за апсењето на осомничениот убиец Љупчо Палевски – Палчо во Турција, побара да биде дерегистрирана и неговата партија „Десна“, во која членувале и биле активни и другите осомничени за двојното убиство

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот Оливер Спасовски на вчерашната прес конференција, информирајќи за апсењето на осомничениот убиец Љупчо Палевски – Палчо во Турција, побара да биде дерегистрирана и неговата партија „Десна“, во која членувале и биле активни и другите осомничени за двојното убиство.

Освен тоа, Палевски и неговите соработници, подолго време биле активни во јавноста, и на јутјуб објавувале содржини полни со говор на омраза, ширење лажни информаци.

– Вакво криминално гнездо како што е направено, мора да се разбие до крај. И такви политички партии кои со, не знам какви проминенции тоа го прават, како што е оваа, таа мора да биде дерегистрирана. Не знаеме лицето и таа партија какви ставови застапуваат? Не знаеме кои беа и што правеа во изминатиот период? Не знаеме за неговите емисии во коишто директно се спротиставуваа на напредокот на државата? На тие мислам – рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Вакво криминално гнездо како што е направено, мора да се разбие до крај.

Оливер СпесовскиМинистер за внатрешни работи

Тој не појасни дали веќе се преземени некакви активности за да се дерегистрира партијата, која пак дозвола за регистрација добива од судот. Нејасно е зошто судот дозволил да се регистрира политички субјект кога лицето кое е регистрирано за претседател, имал и претходно кривични и прекршочни дела.

За контроверзното делување на спомнатата партија деновиве укажува и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која вели дека во континуитет била изложена на ваклана кампања од оваа партија, ширење лажни вести и говор на омраза кон нив. За нивната активност ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта, која, наводно го заштитувала сето ова време.

Монструмот (Љупчо) Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание. Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето“, се вели во соопштението.

Со цел да дознаеме повеќе за постапката за дерегистрирање, односно забрана за една политичка партија, се обративме со прашања до Министерството за павда. Во одговорот од ова Министерство се посочува дека начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии се уредени со Закон за политичките партии.

Постапката за бришење на политичките партии и правните основи на кои се заснова одлуката за бришење на политичките партии се уредени со членот 21 од Законот за политичките партии каде таксативно се наведени условите под кои една политичка партија може да биде избришана од Регистарот на политички партии.

Судот со решение го утврдува престанокот на политичката партија и врз основа на тоа ја брише од Судскиот регистар.

- Advertisement -
Ad image

Предлог за поведување постапка за бришење на политичка партија пред Судот може да поднесе надлежниот јавен обвинител под услови предвидени со одредбите на Законот за политичките партии. Судот може да донесе решение со кое се одбива предлогот на јавниот обвинител или може да донесе решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар

Ако политичката партија е запишана во Судскиот регистар врз основа на невистинити податоци, надлежниот јавен обвинител дава предлог пред Судот за покренување на постапка за бришење на политичката партија од Судскиот регистар.

Ако името и ознаките на политичката партија не се во согласност со членот 16 ставови (2) и (3) од овој закон, надлежниот јавен обвинител пред Судот поднесува предлог за покренување постапка за забрана за користење на името или ознаките на политичката партија

- Advertisement -
Ad image

Ако дејствувањето на политичката партија е спротивно на членот 3 и членот 6 став (3) од овој закон, надлежниот јавен обвинител поднесува предлог за забрана на дејствување на политичката партија.

Според цитираниот член, програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување или повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.

Основниот суд може да донесе решение со кое се одбива предлогот на надлежниот јавен обвинител, може да изрече опомена пред забрана на дејствување на политичката партија или пак може да донесе одлука со која се забранува дејствувањето на политичката партија.

Во решението со кое се забранува дејствувањето на политичката партија основниот суд го наведува основот кој претставува причина за забрана на дејствувањето и го образложува, објаснува Министерството за правда во својот одговор до Плусинфо.

Досега во Македонија не е поведена постапка и донесено судско решение за забрана на делување на политичка партија, а бришење на политички партии од регистарот имало по други основи, наведени во законот.

 

Кога една партија се брише од регистарот на судот?

Според членот 21 од Законот за политичките партии политичката партија престанува да постои со бришење од Судскиот регистар:

– кога политичката партија ќе поднесе барање за бришење од Судскиот регистар;

– врз основа на правосилно решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар, донесено од страна на Судот врз основа на овој закон;

– кога на политичката партија и е забрането дејствување со правосилно решение, во согласност со одредбите на овој закон;

– кога органот утврден со статутот на политичката партија ќе донесе одлука за спојување со друга политичка партија;

– кога е намален бројот на членовите на политичката партија определен во членот 11 од овој закон и

– кога Уставниот суд на Република Македонија ќе утврди дека програмата или статутот на политичката партија не се во согласност со Уставот.

Share This Article