More

    Објавени докази и страотни сведоштва за сексуални напади

    spot_img

    Докази за силување, сексуално насилство и осакатување на жени за време на нападот на Хамас на 7 октомври изнесени се во јавност во опсежната репортажа што ја објави Би-Би-Си.
    Неколку луѓе вклучени во собирањето на посмртните останки и идентификацијата на жртвите на нападот потврдуваат дека на телата на настраданите во нападот пронашле докази за сексуален напад – скршени карлица, модринки, исеченици и расекотини.

    Меѓу жртвите има жени од различна возраст, како и деца и тинејџери.

    Во видео-сведочењето од музичкиот фестивал Нова, кое на новинарите им го покажала израелската полиција, една жена детално го опишува групното силување, осакатувањето и егзекуцијата на жртвата.
    Видеата од голи и крвави жени направени од Хамас на денот на нападот, како и фотографиите од телата направени на локацијата по настанот, укажуваат на тоа дека жените биле цел на планирани сексуални напади.

    Се верува дека мал број преживеале, а какви биле нивните последни моменти се дознава од изјавите на преживеаните, луѓето кои ги носеле телата, вработените во мртовечниците и снимките од местото на настанот.

    Хамас однапред го планирал силувањето како воено оружје, тврди израелски извори. Израелската полиција на новинарите им покажа застрашувачко сведоштво на жена која била на музичкиот фестивал Нова за време на нападот.

    Таа опишува дека видела како припадниците на Хамас групно силуваат и осакатуваат жена, пред последниот напаѓач да ја застрела во главата, продолжувајќи да ја силува.
    На видеото, жена позната како сведок С. покажува како напаѓачите ја земале жртвата и си ја пренесувале еден на друг.

    – Таа беше жива. Имаше рана на грбот, крвареше – вели жената која била сведок на страшното изживување.

    Таа детално опишува како мажите отсекувале делови од телото на жртвата за време на нападот.

    -И ги отсекоа градите и ја фрлија на улица. Тие си поиграа со тоа – вели таа.

    Жртвата била пренесена на друг маж во униформа, продолжува таа.

    -Тој пенетрираше во неа и ја застрела во главата. Не ги крена дури ни панталоните, пукаше и ејакуираше – вели жената во своето сведоштво за грозоморните сцени во нападот на 7 октомври.
    Еден човек кој бил на фестивалот вели дека слушнал „звуци и крици на луѓе кои се убивани, силувани и обезглавени“.
    Во изјавата што ја даде преку хуманитарна организација, тој тоа го опиша како „нехумано“.

    „Некои жени беа силувани пред да умрат, некои беа силувани додека беа повредени, а некои беа веќе мртви кога терористите ги силуваа нивните безживотни тела. Очајно сакав да помогнам, но ништо не можев да направам“ – се вели во потресната изјава на сведокот.

    Израелската полицијата за Би-Би-СИ потврдила дека има „повеќе“ изјави на очевидци за сексуалниот напад, но не кажале точно колку.

    Израелската министерка за зајакнување на жените, Меј Голан, изјави за Би-Би-Си дека многу малку жртви на силување или сексуално насилство ги преживеале нападите и дека сите моментално се на психијатриско лекување.
    Снимката снимена од Хамас вклучува видео од жена со лисици на рацете и земена како заложник со исеченици на рацете и голема крвава дамка на задниот дел од панталоните. На многу фотографии од локациите по нападот се гледаат тела на жени голи од половината надолу или со скинати гаќички од едната страна, со раширени нозе, со траги од удари на гениталиите или нозете.

    – Навистина изгледа како во Хамас да научиле да ги користат женските тела како оружје во војна од Исламската држава во Ирак или од случаите во Босна – вели д-р Кочав Елекајам-Леви, правна експертка во Дејвис Институтот за меѓународни односи на Хебрејски универзитет.

    – Се згрозувам  кога ги слушам деталите за тоа како знаеле што да им прават на жените: да им ги отсечат органите, да им ги осакатуваат гениталиите, да ги силуваат. Страшно е да се знае сето тоа – вели д-р Елекајам-Леви.

    Еден од собирачите на тела, кој волонтира за религиозната организација Зак, ги опиша знаците на тортура и осакатување, кои вклучуваат ибремена жена чија утроба била отворена пред да биде убиена, а нејзиниот фетус бил избоден додека сè уште бил внатре.

    Друг, сведок, Нахман Дикштајн, приложил писмена изјава дека видел тела на две жени во Кибуц Бери со врзани раце и нозе за креветот.

    „Една жена беше сексуално тероризирана со нож заглавен во вагината и со отстранети сите внатрешни органи“ – вели тој во својата изјава.

    Тој сведоли дека малите засолништа на местото на фестивалот биле преполни со осакатени жени.

    „Облеката им беше искината во горниот дел, но долните делови беа целосно голи. Многу, многу жени…Ако внимателно ги погледнете нивните глави, на секоја од нив ќе видите рана од влезен куршум“ – сведичи Дикштајн.

    Цивилната комисија предводена од д-р Елкајам-Леви работи на собирање изјави за сексуални злосторства и повикува на меѓународно признавање дека она што се случи на 7 октомври е систематско насилство, кое спаѓа во злосторства против човештвото.
    Израелската влада посочува на документи за кои тврди дека биле пронајдени кај борци на Хамас, кои се чини дека ја поддржуваат идејата дека сексуалното насилство било планирано.

    Д-р Елкајм-Леви објави инсерти од снимки од испрашувања на заробени борци во кои велат дека жените биле мета токму за оваа цел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img