Работниците во „Ламборџини“ ќе работат 4 денови во неделата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборџини“ се договори со синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ за воведување четиридневна работна недела за своите производствени работници, соопштија претставниците на компаниите и работничките здруженија.

Синдикатите договорот го нарекоа историски бидејќи „Ламборџини“како прва компанија во европската автомобилска индустрија значително го намалува работното време без намалување на платите.

„Работејќи се помалку и подобро, тоа е принципот по кој се водеа овие преговори“, се наведува во соопштението на синдикатот.

Работниците во производството, со ротирачки распоред во две смени, наместо 5 дена ќе работат 4 дена во неделата и секоја година ќе работат 22 дена помалку од претходно.

Вработените кои работат во три смени ќе имаат петдневна работна недела која наизменично ќе се менува со две четиридневни работни недели, што значи дека секоја година ќе работат 31 ден помалку од досега.

Share This Article