Министерството за правда денеска треба да го поднесе барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосмничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
– Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка – изјави за медиумите министерот за правда Кренар Лога.
Oд Министерството за правда за МИА информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција. Кога ќе биде се подготвено, најверојатно министерот за правда Кренар Лога, на прес-конференција ќе ја инфоррмиа јавноста.
Палевски, како што информира МВР, е фатен во Турција кај градот Беликесир, од страна на турската полиција.
Истрагата и официјално е започната, а со кривичната пријава која е на 100 страници се опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.