Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за претседател на Асоцијацијата на Балкански комори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за претседател на Асоцијацијата на Балкански комори, соопшти комората.

Оттаму додаваат дека изборот на Азески треба да биде потврден на седница на Асоцијацијата која следната недела ќе се одржи во Солун.

На седницата, како што е најавено, ќе се расправа и за актуелните прашања од економското опркужување на земјите од Балканот, вклучувајќи ги перспективите на Балканските земји да се приклучат на Европската Унија и Еврозоната, како и пршањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.

„Главен фокус во рамки на претседателството на Асоцијацијата на Балкански комори под водство на Азески во следната година ќе биде прашањето за инфраструктурата и поврзаноста помеѓу балканските земји, и на тој начин, активностите на Асоцијацијата на Балкански комори ќе се надоградат на портфолиото на регионалните организации кои во својот обем на активности веќе опфаќаат различни сегменти од регионалната економска соработка (Коморскиот инвестициски форум, Регионалниот Совет за Соработка, ЦЕФТА Секретаријатот и Секретаријатот на транспортната заедница“, наведуваат од Комората.

Асоцијацијата на Балкански комори (АБК), е основана во 1994 година во Романија, со цел создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот. Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Северна Македонија, се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно – трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија и Унијата на Комори и стокови берзи на Турција.

Share This Article