ВМРО-ДПМНЕ бара да се прошири истрагата за активностите на групата на Љупчо Палевски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ВМРО-ДПМНЕ бара да се прошири истрагата за активностите на групата на Љупчо Палевски.

Во денешното соопштение партијата наведува дека не е можно со толку кривични дела овој човек да биде  неказнуван за сите кривични дела што ги направиле.

„Монструмот (Љупчо) Палевски доби медиумска моќ и чувство на недопирливост од подкастите со неговата банда. Со години Палевски е во етерот, ширејќи говор на омраза, добивајќи закрила од власта и наметнувајќи се над другите. Тој и неговата банда шиканираа луѓе, изнудуваа пари и наметнуваа влијание.Тоа што Палевски со години не е санкциониран, иако повикувал на јавни линчувања и навредувал, е доказ дека бил заштитен од врвот на власта. Палевски и неговата банда повикуваа на тепање на луѓе, и сето тоа со години поминуваше неказнето“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ прашува како е можно толку долго и со такви кривични дела Палевски да е на слобода и толериран?

-Зошто беше пуштен на слобода откако јавна тајна е дека со нелегално огнено оружје е фатен како копа злато во Демир Капија пред неколку месеци? Зошто има толку големи пропусти во истрагата на велешката полиција за убиството на велешанецот Панче?

Оттаму додаваат дека Палевски кој располагал и со бомби добиени од СДС со помош на неговата банда се чувствуваше недопирлив.

„Таквата атмосфера која беше креирана со години од страна Палевски и неговата банда со медиумска платформа е една од причините за неговото однесување, чувството на неказнивост и семоќност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article