Наскоро ќе се навршат четири месеци од крвавиот поход на Нермин Сулејмановиќ во Градачац во Босна и Херцеговина, а неговото тело сѐ уште не е погребано

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Наскоро ќе се навршат четири месеци од крвавиот поход на Нермин Сулејмановиќ во Градачац во Босна и Херцеговина, а неговото тело сѐ уште не е погребано. Сулејмановиќ на 11 август брутално ја претепа, а потоа ја застрела и ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ. Грозоморното убиство, Сулејмановиќ го изврши пред нивното десетмесечно бебе, а настанот го пренесе на социјалните мрежи. Откако ја убил Низама, тој ги убил и Денис Ондер и неговиот татко Џенгиз и ранил полицаец и уште едно лице. На крајот, тој изврши самоубиство.

Оттогаш, неговото тело е во ладилник во Комеморативниот центар во Тузла. Никој не сака да го преземе телото. Аваз пишува дека членовите на семејството на Сулејмановиќ потврдиле дека се подготвени да го организираат погребот, но проблем е гробното место.

– Проблем е погребот на повеќекратниот убиец. Членовите на семејството изјавија дека ќе ги сносат трошоците за погребот, но проблем е гробницата. Градот Градачац нема градски гробишта. Испративме неколку барања до институциите и до Исламската заедница за погребно место, но никој не даде позитивен одговор – изјави градоначалникот на Градачац, Едис Дервишагиќ за босанските медиуми.
– Луѓето не сакаат убиец да им лежи на гробишта. Еден ден во Комеморативниот центар чини 41 марки. Натрупан е долг од околу 5.000 марки (околу 2.550 евра) кој, најверојатно, ќе треба да се плати од Буџетот на градот. Сето тоа значи дека треба да се најде решение, ова не може да трае вечно – додава Дервишагиќ.
Од Комеморативниот центар во Тузла велат дека за монструмот од Градачац нема место ни на нивните гробишта.

– Нема место на нашите градски гробишта. Овој проблем треба да го решат роднините или градската управа на Градачац. Имавме случаи кога телата чекаат за погреб десет дена, на пример кога некое семејство доаѓа од странство. Имавме случај и со двајца загинати мигранти, па се чекаше идентификација. Откако ќе умре бездомник, погребот се чека неколку дена, па општината ги сноси трошоците. Нашето мислење е дека сите мора да бидат погребани, без разлика што направил – велат од Комеморативниот центар во Тузла.

Телото на Сулејмановиќ е во фрижидер, херметички затворено во лимена кутија.

Share This Article