More

    Вања му напишала писмо со благодарност на татко ѝ, сега еден од осмничените за нејзиното убиство

    spot_img

    Многу потресни детали излегуваат на виделина по грозоморното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска во кое меѓу обвинетите е и нејзиниот татко. Објава на нејзината наставничка по македонски јазик во ОУ „Јохан Јанрих Песталоци“ на социјалните мрежи открива дека во еден училишен проект за Денот на благодарноста во кој задачата била учениците да напишат писмо на личност на која и’ се благодарни, Вања писмото со благодарност му го посветила на својот татко.

    „Вања е едно мило и емпатично дете, не би презела активности за да повреди или казни некого, дури и кога е лута. Правевме социјален експеримент за Денот на благодарноста, дел од задачата беше да пишуваат за личноста на која најмногу и’ се благодарни. Таа му напиша писмо на татко и’. Такви се и голем дел од децата во таа паралелка, има на кого да му се довери и кој да и’ понуди вистинска помош…“ – пишува во статусот на наставничката на Вања објавен додека сѐ уште траеше потрагата по девојчето.

    Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска покрена лавина реакции во јавноста. Девојчето кое исчезна утрото на 27 ноември, според полициските наводи, истиот ден била убиена од киднаперите, а неколку дена подоцна беше пронајдено нејзиното тело. Пет лица се осомничени за грозоморниот чин, извршителот е во бекство, а четворицата соучесници се уапсени. Меѓу нив е и таткото на Вања, кој учествувал во киднапирањето на сопствената ќерка за да изнуди пари од нејзината мајка што дополнилно ја згрози јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img