Авто мото сојузот на Македонија информира дека утринава има магла на Ѓавато со видливост до 100 метри.
На останатите патишта сообраќајот се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.