More

    Албанската опозиција ја напушти лидерската зашто не ѝ се дава место во ДИК

    spot_img

    Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, затоа што претходно и претседателот на Собранието Талат Џафери ја напуштил, па тие не можеле со кого да дебатираат за именување нивни член во Државната изборна комисија.
    Претставникот на Европски сојуз за промени Изер Меџити прво изрази сочуство за смртта на 14-годишната Вања Ѓорѓиевска, која беше киднапирана и убиена, и оцени дека владата бавно делувала во овој случај.
    – Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, откако неа ја напушти и Талат Џафери, токму кога елабориравме за членот во ДИК што треба да го заземе за опозиција, па немаше со кого да дебатираме.

    Ние бараме предвремени избори да се одржат на 4 и 28 април, а заедно со вториот круг на 28 април да се одржат и претседателските избори.

    Сметаме дека техничка влада треба да има, но овојпат министрите треба да припаднат на албанската опозиција за еднаш засекогашп да се отстрани дел од режимот и да има фер и демократски избори.
    За ДИК Џафери одолговлекува цела година им има интенција да избегне да има наш член во Комисијата, што може да биде услов понатаму да се оспорува легитимниоста на изборите.

    Сега во комисијата односот на членовите е 4 : 2 во корист на власта, а според законот треба да биде 4:3. Третиот треба да биде од нашите редови, зашто два члена веќе има ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса не може да претендира на ова место, кога е дел од власта, а Кренер Лога беше нивни претставник и на оваа средба.

    Затоа го повикуваме Талат Џафери да престане со овие работи, зашто ќе ги квалификуваме како обид за фалсификат на изборите и ќе го оспоруваме нивниот легитимитет.

    Исто така бараме на следните избори да се овозможи гласање на гласање, преку пошта или електронски, зашто таа е важен дел од демократскиот процес – рече Изет Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img