Google Maps доби нова верзија која не им се допадна на корисниците поради еден важен детал.
На социјалните мрежи многу корисници пишуваат дека не им се допаѓа новата боја за главните сообраќајници, која наместо досегашната жолта е сменета во сива.
Покрај тоа, бојата на другите патишта беше променета од бела во светло сива. Главните правци до кои ве води апликацијата сега се темно сини, додека алтернативните рути ја променија бојата во светло сина и повеќе не се сиви.
Исто така, приказот на водените површини сега доаѓа во светло сина верзија, додека зелените површини имаат потемна нијанса.
Корисниците најмногу се жалат на фактот дека сите бои се премногу слични и поради тоа не можат само брзо да ја погледнат мапата, туку мораат да се фокусираат на прегледување на картата додека возат.
„Навигацијата не е ни приближно добра како во претходната верзија. Инсистира на користење на главните рути, иако има многу достапни алтернативи. Претходната верзија ви овозможи да изберете опции, тука има многу повеќе ограничувања. Ниту изгледот не е добар“, се пожали еден корисник на Твитер.