Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ доби две деца со покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, а во една прилика раскажа дека синот Вељко го добила преку ин витро (вештачко оплодување).
Цеца откри дека се подложила на ин витро кога имала само 22 години, а Аркан цело време бил покрај неа и ја поддржувал:
– Имав само 22 години кога открив дека имам проблем да забременам, па отидов во болницата „Народен фронт“ на ин витро – рекла Цеца и додала:
– Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во комплетната програма, иако беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – изјави пејачката која во 1995 година го роди синот Вељко, а три години подоцна ќерката Анастасија.