Младата српска фолк ѕвезда Александра Пријовиќ го „полуде“ цел Балкан, а на турнејата „Од исток до запад“ досега одржа по три спектакуларни концерти во Белград, Ниш и Сараево.
Прходот на Александра Пријовиќ од пет концерти во Загреб, кои ги одржува деновиве, е дури 2,5 милиони евра.
Таа одамна ги распродаде сите пет настапи, а според зборовите на еден познат српски менаџер, кој сакал да остане анонимен, Александра во Белград ќе се врати многу побогата.
– Најевтиниот билет за концертот во Загреб чинеше 25 евра, а најскапиот 130, колку што беше потребна за ВИП-ложата. Капацитетот на Арената Загреб со партер е 22.000 седишта, но поради 150-те шанк маси, кои се предвидени за концертот на Александра, таа секоја вечер ќе пее за 17.500 луѓе или вкупно 90.000 луѓе за пет концерти. Тоа значи дека за пет Арени Александра ќе инкасира 2.780.000 евра – вели естрадниот менаџер и додава дека од таа сума треба да се одбијат трошоците за закуп, данок и други потреби:
– Изнајмувањето на Арената чини 25.000 евра дневно, што значи дека за пет дена Пријовиќ за неа издвоила 120.000 евра. За опремата, продукцијата, бендот, танчарите и костимите потрошила околу 150.000 евра, плус данокот што треба да ѝ го плати на државата. Според мои проценки, по пет вечери во Загреб, Александра ќе се врати во Белград побогата за околу 2.500.000 евра!