При извлекувањето на групите за Европското првенство, за време на ждрепката се слушаа звуци од жена која има секс и многумина присутни во салата во Хамбург се чудеа од каде вакво нешто на разгласот. Затечени останаа и Давид Силва и Брајан Лаудруп.
Порно звуците ссобено гласно се слушаа кога беше извлечена репрезентацијата на Србија како ривал на Англија, Данска и Словенија.
Во ждрепката учествуваа десет фудбалски великани, кои не можеа да сокријат колку се вџашени од скандалот.
Познат е и виновникот за скандалот, тоа е јутјуберот Даниел Џарвис кој призна дека направил саботажа и ги пуштал звуците.