Германскиот топ модел Хајди Клум повторно блесна со својата ќерка Лени пред камерите.
Долго време не позирале заедно за одредени брендови, а овој пат тоа беше промоцијата на новогодишната колекција долна облека.
Ќерката Лени, не само што покажа дека е надарена да ги следи стапките на мајка си во светот на манекенството, туку е и доказ дека може да се забавува на „работата“ пеејќи и танцувајќи пред камерите.
Оваа колекција „Интимисими“ се рекламираше во комбинации на долна облека од тантела и свилена наметка.
Двете русокоси со неповторлива убавина носеа црвен кармин и дополнително го истакнаа доаѓањето на празникот, држејќи пакетчиња во рацете.
Слично како и нивните претходни заеднички кампањи, и оваа објава наиде на различни реакции од фановите. Додека некои беа пресреќни што повторно ги гледаат заедно, еден корисник напишал дека е „малку морничаво“ Лени да позира во долна облека покрај нејзината мајка.
Сепак, Лени еднаш изјави за „Пејџ сикс“ дека не ѝ пречат реакциите на нејзините минати кампањи за долна облека со нејзината мајка.
ФОТО: Инстаграм