Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14-тиот армиски корпус.
Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова.
Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.