More

    Надзорните видео камери го снимиле моментот кога двајца припадници на Хамас почнуваат да пукаат во луѓето на автобуската станица на влезот во Ерусалим во нападот што се случи утрово

    spot_img

    Надзорните видео камери го снимиле моментот кога двајца припадници на Хамас почнуваат да пукаат во луѓето на автобуската станица на влезот во Ерусалим во нападот што се случи утрово.
    На снимките што се објавени се гледа моментот кога милитантите на Хамас излегуваат од автомобил и почнуваат да пукаат во луѓето на автобуска станица, а тие бегаат во паника.

    Во нападот загинаа три лица, а 16 се повредени. Израелската полиција соопшти дека напаѓачите биле неутрализирани на лице место. Станува збор за двајца браќа Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности, пишува Sky News.

    Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим. Милитантната палестинска организација на Телеграм го пофали своето воено крило, бригадите Ал Касам, за „херојската операција во Ерусалим“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img