Нашите мали но големи борци родени во 31. гестациска недела си заминаа во добра состојба по 38 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје.
Михаил кој е роден со 1170 грама, дома си заминал со 1860 грама. Леонтина која е родена со 1100, ја испратиле со 1810 грама. Теодор е роден со 1200 грама, а дома си заминал со 1920 грама. Ведран кој е најголем и е роден со 1370 грама, го испратиле дома, во Штип, со 2000 грама.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.