Изборот за Мис Универзум 2023 направи револуционерен чекор – дозволија да учествуваат мажени жени и мајки на натпреварот. Камила Авела, Мис Колумбија 2023 година, беше првата натпреварувачка која има сопруг и дете. Покрај тоа, таа влезе во историјата како прва мајка која стигна до Топ 5 во ова натпреварување.
Сега 28-годишната Камила се пријави и на изборот за Мис Универзум во 2018 година, но тогаш не постигна забележителен успех. Во меѓувреме, се омажи и се породи, па оваа година реши повторно да се пријави за избори.
„Одделот Казанаре никогаш не испрати жени да учествуваат на изборот за Мис Колумбија, па сакав да бидам првата натпреварувачка. Сонот ми се оствари – станав првата натпреварувачка од Казанаре што ја освои круната. Мојата најголема желба е луѓето во Колумбија да го доживеат Казанаре, да го најдат на мапата. Горда сум што сум родена таму и што пораснав таму. Приврзана сум за мојата земја“, изјави Камила за Bright Side.
Не мислела дека ќе може повторно да се пријави на натпреварот, но кога дознала дека Мис Универзум сега дозволува да учествуваат мажени жени и мајки, сфатила, како што вели, дека дошла нејзината шанса.
„Она што го покажува овој натпревар е многу важно. Конечно ги рушиме стереотипите кои нè кочеа толку долго“, изјави Камила.
Сопругот и е најголема поддршка, вели таа.
„Кога се роди нашата ќерка, таа ни стана приоритет. Ветивме дека никогаш нема да ја ограничуваме или да ја спречиме да стане успешна. Но, сега таа нè тера да се трудиме за нашите цели. Семејството ми е неверојатна поддршка“, заклучила таа.