More

    Бугарската вицепремиерка во Скопје порача историјата да се остави на историчарите

    spot_img

    Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку станува збор за испонување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира и радикализира.

    – Нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарија е земја членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ. Ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања. Разбирањето во ЕУ е јасно – сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ – истакна Габриел на синоќешното отворање на изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

    Како што пренесуваат бугарските медиуми, осврнувајќи се историските прашања и несогласувања меѓу Софија и Скопје, Габриел истакна дека „историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога ќе се укаже прилика да се злоупотреби, таа се политизира и радикализира. Така одиме во маѓепсан круг“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img