Еден месец по смртта на актерот Метју Пери, неговото семејство повторно се огласи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден месец по смртта на актерот Метју Пери, неговото семејство повторно се огласи. Тие ја истакнаа својата важна цел да му оддадат почит на својот сакан Метју. Трогателно и потресно. Познатиот актер почина на 28 октомври во Лос Анџелес. Неговиот помошник го пронашол мртов во џакузито. Сè уште се чекаат резултатите од токсиколошките тестови за да се утврди причината за смртта.

Семејството на Метју Пери е насочено кон Фондацијата именувана по актерот, која беше основана на 3 ноември. Тие се надеваат дека ова здружение ќе им помогне на многумина кои се борат со зависности.

Семејството на Пери ексклузивно изјави за магазинот „Пипл“ дека Фондацијата ќе биде клучен начин за нив да му оддадат почит на Метју.
„Важно ни е, како семејство, да го почитуваме наследството на Метју. Можноста која Фондацијата Метју Пери ја има да им помогне на оние кои се борат со зависноста е нешто што со гордост го споделуваме со светот“.

Очувот на Метју Пери, Кит Морисон, неодамна изјави на „Икс нетворк“: „Ова е нешто што обично не го правам. Но, оваа година е поинаку. А утре е „Денот на благодарноста“. Направете што можете, би ви бил благодарен“. Тој ги повикал сите да и помогнат на Фондацијата во остварувањето на нејзината важна цел.

Метју Пери со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол и јавно зборуваше за тоа, а значителен дел од неговите мемоари од 2022 година се занимаваат токму со овие теми. Тој исто така рече дека би сакал да основа фондација, која е покрената по неговата смрт.

Семејството на Метју Пери го објави следново соопштение по трагедијата: „Срцето ни е скршено од трагичната загуба на нашиот сакан син и брат. Метју донесе многу радост во светот, и како актер и како пријател. Сите толку многу му значевте и ние го цениме огромниот излив на љубовта“.

Share This Article