Рускиот претседател Владимир Путин во пораката до палестинскиот лидер Махмуд Абас по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин во пораката до палестинскиот лидер Махмуд Абас по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, порача дека клучен услов за решавање на палестинско-израелскиот конфликт е создавањето палестинска држава во границите од 1967 година.

„Сега, кога крвавиот конфликт им носи многу страдања на цивилите во Палестина, мислам дека е од особена важност да се потврди конзистентниот став на Русија во корист на остварувањето на легитимните права на вашиот народ да создаде своја, суверена држава во границите од 1967 година со главниот град во Источен Ерусалим. Токму тоа е клучниот услов за постигнување на сеопфатно, долгорочно и праведно палестинско-израелско решение на ситуацијата“ – се наведува во пораката од Путин, која ја прочита заменик шефот на руската дипломатија Михаил Богданов на настан во палестинската амбасада во Русија.

Рускиот лидер истакнува дека е сигурен оти заедничките напори можат да обезбедат понатамошен развој на „традиционално пријателските руско-палестински односи и заемно корисна соработка во различни сфери“.

Путин во пораката додава дека работата во оваа насока одговара на интересите на двете земји и е доследна на зајакнувањето на регионалната безбедност.

Share This Article