Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, откри дека нејзиниот син изгубил околу 60%о од парите што ги инвестирал во криптовалути.
-Тој ме игнорираше, ова беше негова привилегија. Ги загуби речиси сите пари што ги вложи -рече Лагард говорејќи во градското собрание во Франкфурт.
Таа со оваа информација сакаше да укаже дека секој кој инвестирал во криптовалути треба да биде внимателен.
-Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека тоа ќе биде награда, кои не разбираат што значи ризикот, кои ќе го изгубат сето тоа и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што мислам дека тоа треба да се регулира – изјави таа.
Лагард беше особено претпазлива за употребата на криптовалутите како алатка за перење пари, особено поради потенцијалното финансирање на криминални и терористички активности.
Во Европската унија ова прашање се најде во центарот на вниманието особено по усвојувањето на новата регулатива.
-Банките се претставени како водечки даватели на крипто-услуги, дозволувајќи им на крипто активностите да ја заобиколат надлежноста на ЕЦБ – предупреди претставник на централната банка.