Ситуацијата во кралското семејство е многу напната, особено кога станува збор за односот меѓу кралот Чарлс и принцот Хари.
По објавувањето на новата биографија на принцот Хари и најавата на серијата базирана на оваа биографија, кралот Чарлс е крајно лут поради сè што рекол таму.
Ситуацијата во кралското семејство е многу напната како што пренесуваат британските медиуми. Станува збор за односот меѓу кралот Чарлс и принцот Хари. Откако принцот Хари ја напушти Англија и се откажа од сите кралски должности, неговиот однос со другите членови на семејството воопшто не се подобрува.
Во интервју кај Опра, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл изнесоа некои тврдења против членовите на кралското семејство кои трајно ги нарушија односите меѓу двете страни.
Пред неколку недели принцот Хари и кралот Чарлс разговарале по телефон по неколкумесечен молк, по повод роденденот на кралот. Како што објавија медиумите, сè поминало во многу пријатен разговор. Токму кога се чинело дека има трошка надеж за да се поправат односите, новиот потег на принцот Хари сето ова го поништило.
Откако излезе најавата за серијата која ќе излезе по мотивите на неговата нова биографија „Endgame“, во кралската палата настанала вистинска паника. Кралот Чарлс наводно е крајно лут на својот син за сè што кажал таму, па дури и го нарекол „будала“, како што пренесуваат извори блиски до семејството.
Кралот Чарлс во еден момент рекол: „Тој е будала!“, но брзо се собрал и не дозволувал никој да дава негативни коментари за неговиот син, па ниту тој не го правел тоа, но бил видно вознемирен.
Извор близок до кралското семејство наведува дека тензијата меѓу кралот Чарлс и принцот Хари започнала кога кралот им наредил на Хари и Меган да се иселат од имотот Фрогмор, кој им беше доделен. Оваа одлука дополнително ги влошила односите меѓу таткото и синот.