За време на пукањето во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две лица се тешко повредени, соопшти локалната полиција. Престрелката се случила вчера нешто по 4 часот наутро, западно од центарот на градот.
Службениците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани.
„Инцидентот се случил во повеќестанбена резиденција; Нема дополнителни информации за можниот мотив“, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен, според Си-Ен-Ен.
На местото на настанот е констатирана смрт на маж и жена. Три жртви биле пренесени во болница, а едната од нив подоцна починала од повредите.
„Две жртви, маж и жена, се во критична состојба во болница. Истрагата е во тек“, рече Михалишен. Властите се уште не го соопштуваат идентитетот на жртвите.