„Пржинска влада е најголемата глупост што ѝ се случила на Република Македонија. Авторите на пржинската влада гледам дека се големите демократи и продаваат демократија и демагогија во еден дневен печат“.
Ова на социјалната мрежа Фејсбук утрово го напиша поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во четвртокот изјави дека е подготвен да ја избрише техничката влада и да го укине правилото за поставување премиер Албанец 100 дена пред изборите.
Мицкоски им порача на лидерите на парламентарните политички партии наскоро да седнат на маса и да се договорат за бришење на техничката влада, која, според него, веќе нема ефект.
На ваквата негова изјава реагираа дел од албанските политичари кои му порачаа на Мицкоски: „Ќе прифатиме бришење на техничката влада само во пакет со изгласување на уставните измени“.