Сериозна закана: 253.000 луѓе загинаа во Европа од загадениот воздух со ситни честички

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
15.01.2020,Zagreb - Panoramski pogled na Donji grad .rPhoto: Jurica Galoic/PIXSELL

Загадувањето на воздухот со ситни честички предизвика смрт на 253.000 луѓе во Европската унија во 2021 година, се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објавен во петокот.

„Најмалку 253.000 смртни случаи во ЕУ во 2021 година може да се припишат на изложеност на загадување со ситни честички (PM 2,5) над 5 μg/m3 препорачани од Светската здравствена организација (СЗО)“, се вели во соопштението на ЕЕА.

Таа бројка е поголема отколку во 2020 година, кога ситните честички предизвикаа прерана смрт на 238.000 луѓе.

Зголемувањето се објаснува со поголема изложеност на загадување и благо зголемување на смртноста, главно поради Ковид-19, според ЕЕА.Тенденцијата, сепак, останува генерално позитивна кога се гледа подолг период бидејќи од 2005 до 2021 година бројот на предвремени смртни случаи поради ситни честички се намалил за 41 отсто, се истакнува во истражувањето.

И покрај „големиот напредок“ во последниве години, „влијанието на загадувањето на воздухот врз нашето здравје сè уште е преголемо“, рече извршната директорка на ЕЕА, Леена Ила-Мононен во изјавата.

ЕЕА предупреди дека загадувањето на воздухот останува најголемата еколошка закана за здравјето на Европејците

Share This Article