Принцот Абдул Матин од Брунеи (32) кој важи за еден од најбогатите и најпосакуваните во светот, ќе се ожени со својта избраничка Аниша Иси-Калебиќ која има хрватско потекло. Кралската венчавка и свадбата на годината закажана е за 16 јануари следната година.
Убавата Аниша Иси-Калебиќ која веќе извесен период е во врска со принцот Абдул Матин, се знае дека потекнува од богато брунејанско семејство по нејзината мајка, нејзиниот дедо Пехин Датук Хаџи Иса бил советник на локалниот султан и ко-основач на авиокомпанија. А, таткото на идната кралица на Брунеи по потекло е од Хрватска. Според хрватските записи, презимето Калебиќ потекнува од островот Шолта.
Дел од животот Аниша го поминала во Велика Британија, каде студирала на Универзитетот во Бату, по што основала моден бренд.
Аниша е љубител на спортот, па таа и принцот Абдула често тренираат заедно и може да се видат на спортски натпревари, најчесто на оние на кои настапува и престолоналседникотна Брунеи. Принцот Абдула е активен спортист, игра поло во репрезентацијата на Брунеи, а се занимава и со скијање, падобранство, нуркање и голф.
Аниша и Абдул се запознале преку заеднички пријатели. Таа беше многу активна на социјалните мрежи, но по објавата за свршувачката целосно се повлече од социјалните мрежи. За разлика од својата свршеничка, принцот Абдула кој има 32 години, привлекува внимание каде и да се појави, многу е популарен на социјалите платформи и моментално има 2,4 милиони следбеници. Тој дипломирал меѓународна политика на Кралскиот колеџ во Лондон и е пилот на хеликоптер во војската.
На Инстаграм редовно се фали со својот луксузен живот.