More

    Црните „дамки“ можат да ни ги пореметат струјата и интернетот на Земјата

    spot_img

    Сончевите „дамки“ или „пеги“ не се ништо ново во науката, но тие во последно време стануваат прилично големи – некои од нив дури и колку 15 пречници на Земјата. Тоа се цели „острови“ и тие се појавуват во делот од Сонцето кој наскоро ќе се сврти кон Земјата, предупредува Spaceweather.

    Овие бранови и земјотреси на површината на Сонцето, особено тие од класата Х, можат да пуштата „сончев ветер“ кој предизвикува таканеречени геомагнетни бури на Земјата. Промените во магнетното поле, ако се доволно големи, во најлошото сценарио можат да донесат и самрак, односно да ја исклучат струјата на планетата.

    Сонцето се приближува до својот 11-годишен максимум. А во еден момент дури ваквите „пеги“ би можеле да се откорнат и да летаат во вселената. Тоа е жешка сончева плазма.

    „Следните 14 дена би можеле да бидат многу интересни“, напиша на Икс метерологот Крис Виклунд.

    – Тие би можеле да предизвикаат прекини во радио комуникациите и спектакуларна поларна светлина. Сепак, силата на овој ефект во голема мера ќе зависи од тоа дали насоката на магнетното поле на сончевите ветрови се совпаѓа со онаа на Земјата или е спротивна. Ако е спротивно, ефектот ќе биде поголем – вели хрватскиот соларен експерт, професорот Бојан Вршнак од опсерваторијата Хвар на Геодезискиот факултет во Загреб.

    Вршак е добитник на престижната награда на Европската вселенска агенција (ESA) за соларни истражувања.

    И што се случува кога ваквата плазма, овој огин, кој во суштина се состои од наелектризирани протони, електрони или јони на кислород стигнува до Земјината атмосфера? Се изместува магнетното поле на Земјата.

    Брзината на честичките е меѓу 250 и 900 километри во секунда. За споредба, најголемата брзина во универзумот, брзината на светлината е 300.000 километри во секунда.

    Соларниот ветер може да им ја сопре работата на радијата, на сателитите, па и на електраните на Земјата. Тој околу половите на земјата ќе формира таканаречени Ван Аленови појаси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img