Француската фудбалска репрезентација до 17 години би можела да биде исфрлена од Светското првенство во Индонезија поради неверојатен пропуст на првиот човек на здружението „Галски петли“.
Јанис Исуфу, младата ѕвезда во подем кој настапува за Монпеље, беше во составот за ова натпреварување, што беше и очекувано со оглед на тоа дека е еден од најголемите таленти во Европа на напаѓачката позиција, но потоа имаше проблем.
Овој млад фудбалер поради тоа што има потекло од Нигер и Мароко, го носеше дресот на Нигер во квалификациите за Африканскиот куп на нации до 17 години, кој воедно е и квалификациско натпреварување за пласман на Светското првенство и е се смета како дел од квалификацискиот циклус.
Со оглед на тоа што ФИФА им забранува на играчите кои го менуваат државјанството да играат за две репрезентации, како можна казна се споменуваше исклучувањето на Франција.